Спорт
Лапорта одбил 60 милиони евра за Рафиња
Рафиња, Бразилецот од Барселона, привлекува големо внимание од бројни европски клубови.
Бразилецот конечно е стандарден во тимот на Чави, игра добро во последно време, постигна два од трите гола на гостувањето кај ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.
Како што пренесува каталонскиот весник „Спорт“, челниците на Барселона во последните денови ја одбиле понуда на неименуван клуб од Премиер лигата.
Клубот понудил 60 милиони евра, но Џоан Лапорта не сакал да разгледува понуди помали од 80 милиони евра.
Од Англија се верува дека најмногу се заинтересирани Манчестер јунајтед и Челзи.
Оваа сезона Рафиња за Барселона постигна вкупно осум гола на 30 натпревари во сите натпреварувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Крај на уште една фудбалска љубов, Хесус Навас ја напушта Севиља
Фудбалскиот клуб Севиља денеска соопшти дека капитенот на тимот, Хесус Навас, ќе го напушти клубот по крајот на сезоната.
„Хесус Навас ќе ја напушти Севиља на крајот на сезоната 2023/24 и тоа им го соопшти на клубот, соиграчите и раководството на утринскиот тренинг“, се вели во соопштението на клубот.
Навас помина вкупно 17 години во Севиља, со што доби статус на клупска легенда.
38-годишниот фудбалер одигра 688 натпревари за Севиља во сите натпреварувања и освои четири Лига Европа, два Копа дел Реј, Суперкупот на Европа и Суперкупот на Шпанија.
Хесус Навас прво помина десет години во Севиља, од 2003 до 2013 година, пред да се пресели во Манчестер Сити со кој ја освои Премиер лигата и два Лига купа, пред да се врати во Андалузија во 2017 година.
Со шпанската репрезентација беше светски првак во 2010 година и европски првак во 2012 година, а во 2023 година ја освои Лигата на нации.
Спорт
Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци
Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Португалецот Кристијано Роналдо со неговиот неверојатен договор во Саудиска Арабија.
Кристијано Роналдо е неприкосновен со 260 милиони долари годишно, 200 милиони добива од Ал-Наср, а останатите 60 милиони се од спонзорските договори.
Португалецот по четврти пат во кариерата е лидер на листата на најплатени спортисти во светот, овојпат најубедливо благодарение на дарежливите Саудијци.
Втор на листата е голферот Џон Рам (218 милиони), трет Лионел Меси (135 милиони), четврти Леброн Џејмс (128,2 милиони).
На петтото место е предводникот на Милвоки Бакс, Јанис Антетокунмпо, кој во последните 12 месеци инкасира 111 милиони долари, од кои 46 милиони се од договорот со Бакс, а останатите од спонзори.
Во првите десет играчи кои најмногу заработиле во последните 12 месеци се и Килијан Мбапе (110 милиони), Нејмар (108 милиони), Карим Бензема (106 милиони).
Интересно, трикратниот МВП на НБА лигата, Никола Јокиќ се наоѓа на 32. на оваа листа.
Заработил 56,1 милиони долари, од кои најголем дел се од договорот со Денвер (48,1), додека остатокот е од спонзорства.
Најдобриот и најтрофеен тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ очекувано овојпат не е ни воТтоп 50 бидејќи го ограничи бројот на турнири на кои учествуваше, а и таму каде што играше не се прослави.
Лука Дончиќ е 34-ти на листата со заработка од 55,1 милиони долари.
Пред Јокиќ и Дончиќ се Џоел Ембиид (30 место – 57,7 милиони) и Џими Батлер (31 место – 57,5 милиони).
Комплетната листа на „Форбс“ на најплатените спортисти во изминатите 12 месеци можете да ја погледнете ТУКА.
Спорт
Николов и Начевски ќе го судат финалето во ЛШ
Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го судат финалето на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони. Завршниот турнир ќе се одржи во Келн на 8. и 9.јуни.
На завршниот турнир, во првото полуфинале ќе играат бранителот на трофејот Магдебург и Олборг, а во второто Барселона и Кил.
Финалето е на програмата на 9.јуни од 18 часот, три часа претходно ќе се одигра натпреварот за третото место.
Со делегирањето за ова финале, Николов и Начевски го „затворија кругот“, бидејќи претходно судеа финалиња на Европко и Светско првенство односно Олимписки игри.