Поврзете се со нас

Италија

Алегри објасни зошто беснееше на „Олимпико“ по последниот судиски свиреж

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Juventus

Масимилијано Алегри често знае да остане исфрустриран кога неговиот тим не игра по ноти во завршните минути, а така беше и вчера на гостувањето на „Олимпико“ кај Рома.

Гостите од Торино ја загубија контролата и правеа многу технички грешки во финишот од мечот, нешто што навистина го налути Алегри кој беснееше по последниот судиски свиреж.

Макс го фрли палтото и нервозно се упати кон соблекувалните, по што веднаш им објаснуваше на новинарите од каде е иницирана неговата нервозна реакција.

– На крајот ризикувавме да загубиме меч во кој бевме во ситуација да победиме на стартот на второто полувреме. Беше нормално Рома да притисне, но во финишот нашата контрола на топката беше страшно лоша.

– Навистина ризикувавме да фрлиме во вода многу вреден резултат и да го загрозиме местото кое го имаме на табелата, – изјави Алегри по ремито (1:1).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни