Бајден му ги повторил на Нетанјаху јасните позиции на Вашингтон во врска со евентуална инвазија на Рафах

Американскиот претседател Џо Бајден вчера повторно разговарал со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху и го повторил јасниот став на Вашингтон во врска со најавената копнена инвазија на Израел на градот Рафах во Газа во близина на границата со Египет, пренесуваат светските медиуми.

Детали од разговорот не се откриваат во соопштението на Белата куќа. Ставот на Вашинготн околу ова прашање е дека не може да ја поддржи операцијата врз Рафах без соодветен хуманитарен план.

Претходно, координаторот за стратегиски комуникации на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби изјави дека Израел се согласил да ја земе предвид американската позиција и загриженост и да размисли пред да започне со копнена инвазија на овој град во Појасот Газа.

Инаку, Бајден и Нетанјаху претходно телефонски разговараа на 13 април, откако Иран изврши напад со ракети и беспилотни летала врз Израел, потсетува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.

„Претседателот (Бајден) ја потврди својата цврста посветеност на безбедноста на Израел“,се наведува во соопштението на Белата куќа за вчерашниот разговор.

Американскиот претседател и израелскиот премиер разговарале и за преговорите за ослободување на заложниците што Хамас од 7 октомври лани ги држи во Газа, заедно со договор за прекин на огнот во Газа.

Бајден, како што пренесува „Гардијан“ повикувајќи се на соопштението на Белата куќа, на Нетанјаху му нагласил дека испораката на хуманитарна помош му во Газа треба да се засили.

„Претседателот ја истакна потребата од продолжување и подобрување на актуелното темпо во целосна соработка со хуманитарните организации“,се наведува во соопштението.

Инаку, разговорот на Бајден со изралескиот премиер доаѓа во пресрет на денешната посета на американскиот државен секретар, Ентони Блинкен на Саудиска Арабија, како дел од дипломатските напори за обновување на преговорите за примирје во Газа и ослободување на заложниците, како и во насока на напорите за спречување на поширок регонален конфликт.

Во меѓувреме, висок претставник на Хамас за агенцијата Франс прес рекол дека нема „големи прашања“ откако од нивна страна бил разгледан последниот предлог на Израел за примирје, пренесува „Гардијан

Back to top button
Close