26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарски финансиски регулатор: Можно е покренување дисциплинска постапка против менаџерите на Credit...

Швајцарски финансиски регулатор: Можно е покренување дисциплинска постапка против менаџерите на Credit Suisse

Швајцарскиот финансиски регулатор (FINMA) соопшти дека размислува дали да покрене дисциплинска постапка против менаџерот на Credit Suisse, откако втората по големина банка во Швајцарија минатата недела мораше да биде откупена од најголемата швајцарска банка, UBS.

Претседателката на FINMA, Марлен Амстад, за швајцарскиот весник „NZZ am Sontag“ изјави дека сè уште е отворено дали ќе има нови спасувања на банки и дека главниот фокус на регулаторот е на зачувување на финансиската стабилност.

Амстад рече дека биле направени бројни грешки во Credit Suisse во текот на неколку години и дека имало недостаток на одговорност во институцијата, објави Ројтерс.

FINMA спроведе шест јавни извршни дејствија против Credit Suisse во последниве години, потсети Амстад. Таа смета дека е добра одлука на швајцарските власти да го отпишат долгот на Credit Suisse од 17,39 милијарди долари како дел од спасувањето на таа банка.

Извршниот директор на FINMA, Урбан Ангерн, во одвоено интервју за весникот „Зонтагс цајтун“ изјави дека регулаторот постојано интервенирал во овие случаи и дека имал ефект.

Ангерн истакна дека има отворени дискусии за проширување на јурисдикцијата на FINMA, како што е овластувањето за наметнување казни.

UBS се согласи да го купи Credit Suisse минатата недела за 3,26 милијарди долари во акции и до 5,43 милијарди долари загуби во спојувањето меѓу двете банки, направено од швајцарските власти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП