Во кумановско закочи стартот на гласањето поради неработење на УБИГ и немање печати

Утрово проблеми со нерегуларности во неколку гласачки места во Куманово. Во гласачкото место 1100 поради неработење на УБИГ ( био- метриската идентификација) не е започнато гласањето за денешните претседателски избори, а освен тоа, поради немање печат гласачите не можеле да го остварат своето гласачко право во  гласачкото место 1090 во оваа општина.

Во гласачкото место 1075 гласањето не е започнато поради тоа што службите доставиле нов уред за идентификација кој, исто така, не работел, по што за настанатата ситуација е направен записник.

Извесен член на општинската изборна комисија издал усмена наредба да се почне со гласање, по што гласале две лица. Потоа, од ОИК усмено наредиле да се прекине со гласањето затоа што се  чекале натамошни насоки од Државната изборна комисија.  

Исто така, во гласачкото место 1135 гласањето било спречено поради немање печат од службите, и од ОИК се добиле насоки да се продолжи со гласањето, па потоа да се ставаат печати.

Со тоа станува спорно самото примопредавање на материјалите на кои претходно не се потпишале членови на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ , туку само тројца Албанци на прием на материјали.