Кошаркарките на Вардар први во финале, Крива Паланка го тресна шампионот Баскет Кам

Поранешниот шампион на Македонија во Првата кошаркарска лига, екипата на Вардар е првиот финалист, откако со 63:61 славеше над Куманово Гризли.

Девојките со дресови во „црвено-црна“ комбинација стигнаа до вториот поен во серијата која ги носи во големото финал по пауза од пет години.

Вториот финалист дополнително ќе биде познат, бидејќи Крива Паланка го тресна шампионот Баскет Кам откако го победи со 77:71 на домашен терен.

Веќе следната недела ќе се одигра „мајсторката“ во меч каде Баскет Кам ќе биде домаќин. Екипата на Крива Паланка има можност за првпат во својата историја да игра финале во домашното првенство.

Александар Ванев, М-Нет