Top Sport

(Видео) Дончиќ за нов брејк на Далас во ЛА, Мајами без шанси во Бостон

По поразот на вториот натпревар, Бостон Селтикс го исфрлија сиот бес на ослабениот Мајами и се пласираа во полуфиналето на Истокот, а Далас по победата во Лос Анџелес е на чекор до пласман во второто коло на Западот.

Бостон Селтикс го победија Мајами Хот со 118:84. Серијата, Селтикс ја добија со 4:1. Последните три натпревари Селтикси ги добија со вкупна разлика од 68 поени.

Џејлен Браун и Дерик Вајт постигнаа по 25 поени, Џејсон Тејтум додаде 16 поени и 12 скока.

На другата страна Бем Адебајо беше најдобар со 23 поени, пет скока и шест асистенции, Тајлер Хиро даде 15 поени.

Лука Дончиќ е болен, го мачи и коленото, но блесна и со 35 поени, седум скока и 10 асистенции го предводеше Далас до триумф над Клиперс 123:93. Кајри Ирвинг постигна 14 поени, а Макси Клебер забележа 15 поени (5-7 за три).

Кај Клиперс потфрлија најдобрите, Пол Џорџ постигна само 11, а Џејмс Харден седум поени.

„Сега треба да победиме на еден од следните два натпревари. Мора да играме на ист начин“, изјави Дончиќ и додаде:

„Болеста ми ја отежна работата, коленото не е многу добро, но адреналинот е тука кога си во плеј-офот. Кога ќе започне натпреварот, се што сакам е да победам“.

Шестиот натпревар ќе се игра во сабота во 3:30 часот по средноевропско време, во Тексас.

Scroll to Top