Шоров освои прво место на Меѓународен турнир во Косово, одлични резултати за борачите на Балканец

Борачите на Балканец настапија на Меѓународниот турнир “Фериз Гури” во Хани и Елезит, во соседно Косово, каде постигнаа фантастични резултати.

Во категорија 85 килограми Зоран Шоров освои прво место, во категорија до 48 килограми Никола Гицев го освои трето место, во категорија до 85 килограми Христијан Димитријев го освои второто место.

Во женска конкуренција до 54 килограми Бојана Ковачева го освои третото место, во категорија до 61 килограм Викторија Ѓурова го освои второто место.

Александар Ванев, М-Нет