Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Младата ѕвезда на Баерн: Сонувам да играм против Белингам во ЛШ

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Џуд Белингам многу брзо прерасна во голема ѕвезда на Реал Мадрид и покрај тоа што има само 20 години, но слична ситуација доживува и Џамал Мусиала кој веќе некоја сезона е стандарден во првиот тим на Баерн Минхен.

Во младинските категории во Англија, двајцата беа соиграчи и навистина добро се познаваат од најрана возраст, но поради фактот што Мусиала на крајот реши да ја избере Германија, сега ќе бидат ривали и на репрезентативен план.

Мусиала беше избран за најдобар млад играч во Бундеслигата додека двајцата беа дел од германската елита, а после големите пресметки кои ги имаа како членови на Баерн и Борусија, сега ги чека и најголемиот дуел досега во кариерите.

Џамал и Џуд ќе ги одмерат силите во полуфиналето во Лигата на шампионите, двомеч кој дефинитивно ќе го одреди новиот патник за големото финале на „Вембли“.

– Многу добро се познавам со Џуд, минавме неверојатни години заедново Англија. Секогаш се разбиравме добро на теренот и игравме добро заедно. Покрај тоа, бевме и цимери и ја делевме собата. Имаме изградено одличен однос и многу сум среќен за неговиот успех во Реал Мадрид. Поради тоа што го познавав, воопшто не сум изненаден од неговиот раст во клуб како Реал.

– Полуфиналето? Да бидам искрен, сонувам да играм против Џуд во Лигата на шампионите. Двајцата од најмала возраст сонувавме да бидеме дел од такви важни натпревари. Едвај чекам да дојде време за тие два меча, – вели Џамал во интеврјуто за „Марка“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни