Кржаловски: Има опција да се почнат уставните измени во меѓупросторот кога се создава Собранието а се уште нема Влада

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Александар Кржаловски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека една од опциите е да се почне процесот со уставните измени во меѓупросторот кога се создава Собранието, а се уште нема Влада.

„До крајот на мај ќе се реконструира Собранието, а до крај на јуни и Владата, така да во тој период може, во најмала рака, да се почнат Уставните измени бидејќи тој ќе трае 100 дена“, вели Кржаловски.

Тој верува дека ни Влен, ни ДУИ не би се довеле до ситуација три месеци да нема Влада, да се усвојат измените па после да прават Влада.