Top Sport

(Видео) Атлетик по четири децении го освои Купот

Атлетик Билбао е победник на 125.издание на шпанскиот Куп. Во финалето, на „Ла Картуха“ стадионот во Севилја, екипата од Баскија на пенали ја победи Мајорка. По 120 минути резултатот беше 1:1, а пеналите Атлетик ги доби со 4:2.

Островјаните поведоа преку Даниел Родригез во 21. минута, а четата на тренерот Ернесто Валверде израмни во 50. минута со голот на Охијан Санчет по додавање на Нико Вилијамс.

Во пенал серијата, сите играчи на Атлеитк беа прецизни, додека Агирезабала му го одбрани ударот на Морланес во втората серија, а Радоњиќ во третата шутираше над голот.

Атлетик го освои првиот трофеј во Купот по пауза од 40 години. Баските се вториот најтрофеен клуб во ова натпреварување со 24 титули, седум повеќе од нив има Барселона.

Scroll to Top