Вести Македонија Топ вести

Османи: Кога ми легнуваат пациенти на маса за операција, никој досега не ме прашал каква ми е етничката припадност

Кога ми легнуваат пациенти на маса за операција, никој досега не ме прашал каква ми е етничката припадност. Прашале дали сум посветен, дали знам да ја вршам работата и дали можам да им помогнам, изјави меѓудругото Бујар Османи, министер за надворешни работи и претседателски кандидат на ДУИ, во вечерашното интервју на Телма ТВ.

„Кога се нудиме пред граѓаните, граѓаните бираат по однос на две прашања – дали вие сте искусен тоа да го направите, дали знаете, дали имате работна дисциплина и што нудите. Дури ме навредивте што рековте дека во оваа трка само маркирате. Тоа знали дека јас немам никакви шанси да станам претседател, затоа што сум Албанец“, вели Османи.

Себеси се смета за човек со доволно домашно и меѓународно искуство кој во претседателската трка влегува како кандидат на Фронтот од девет политички партии на четири етнички заедници.

„Сите анкети покажуваат сериозни шанси да влезам во вториот круг. Е ова сакам да го сменам во оваа држава. Веднаш тој стереотип, таа перцепција дека ако си Албанец, ти влегуваш во трката колку да маркираш резултати за 8 мај. Не, јас влегувам да победам во оваа трка, затоа што јас направив за македонскиот народ повеќе од било кој друг мој претходник како министер за надворешни работи, па и било кој друг политичар пред мене. И за Албанците, исто така“, потенцира Османи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе