Колку секунди точно треба да го миеме лицето? Повеќето прават грешка

7 мај, 20240
86fc7b84c279490ae11d166ea227c2d165790079 (1)

Производите за чистење лице станаа незаменлив дел од секојдневната рутина, а еден дополнителен совет би можел да ви помогне да ги искористите сите придобивки од производите што ги користите.

Се што ви треба е да потрошите малку дополнително време за миење на лицето. Шеесет секунди поточно.

– Чистењето од 60 секунди не е баш ново, но пак се повторува. Идејата е едноставна: наместо брзо миење на лицето, поминете цела минута (или повеќе) масирајќи го средството за чистење во вашата кожа. Оваа промена може да доведе до помали пори и посветол, почист тен, особено за оние со кожа склона кон акни, објаснува д-р Кели Рид за Huff Post.

Подолгото чистење значи повеќе можности за целосно чистење на кожата од вишокот маснотии и нечистотии, но една од најголемите придобивки е тоа што повеќе време им дава доволно време на активните состојки да навлезат во кожата.

Средствата за чистење со пилинг киселини како што се гликолна или салицилна киселина, или оние кои користат средства за чистење специфични за акни со бензоил пероксид, ќе бидат поефикасни кога нема да се исплакнат веднаш.

„Повеќето луѓе го мијат лицето само околу 15 секунди, а тоа не е доволно време состојките во средството за чистење навистина да се активираат“, вели д-р Џереми Брауер, дерматолог од Њујорк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi