Пилешков ќе им суди на Вардар и Воска, Трчевски главен во Штип каде играат Брегалница и Работнички

ФОТО: Телевизија М Нет

Овој викенд се играат натпреварите од 28. коло од Првата македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на сите натпревари.

Александар Ставрев ќе им суди на Гостивар и Брера Струмица, Јован Качевски ќе биде главен во Кавадарци каде ќе играат Тиквеш и Шкендија, Александар Грујоски ќе им суди на Силекс и Шкупи во Кратово.

Крумислав Ѓоргиев ќе им суди на Македонија ЃП и Струга Трим Лум, Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Работнички во воведниот меч кој се игра во Штип, а пак Димитар Пилешков ќе им суди на Вардар и Воска Спорт во дербито за опстанок во елитата.

Сите натпревари ќе стартуваат во 16 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 28. КОЛО ПРВА ЛИГА:

Гостивар – Брера Струмица, Александар Ставрев (Скопје)
Тиквеш – Шкендија, Јован Качевски (Струга)
Силекс – Шкупи, Александар Грујоски (Кичево)
Македонија ЃП – Струга Трим Лум, Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Брегалница – Работнички, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Вардар – Воска Спорт, Димитар Пилешков (Штип)

Александар Ванев, М-Нет