Поврзете се со нас

Шпанија

Касемиро за најтешкиот момент во Мадрид: Анчелоти плачеше кога влегов во канцеларијата

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Касемиро реши да го напушти Реал Мадрид и да испроба нова авантура далеку од Шпанија, а тоа реши да го направи непосредно откако Реал Мадрид ја освои титулта во Лигата на шампионите.

Бразилскиот фудбалер по петти пат во својата кариера го подигна „клемпавкото“, но потоа одлучи да излезе од својата комфорна зона и да се одлучи за предизвик во Премиер лигата.

И покрај тоа што не му оди баш најдобро, Касемиро е среќен во Манчестер Јунајтед, а за „Ел Чирингито“ открива дека само еднаш се посомневал во конечната одлука која ја донел на заминување од Мадрид.

– Освоив се во Мадрид, не дека веќе немав мотив, но сакав нешто ново. Не ми дадоа да си отидам така лесно, но јас бев убеден дека сакам нешто ново, сакав да играм во нова лига. Јунајтед се однесуваше многу добро од првиот ден, а јас решив да си одам непосредно по освоениот трофеј во Лигата на шампионите. Гледав како мојата етапа завршува во Реал и одлуката не беше воопшто лесна.

– Само еднаш се посомневав за мојата одлука. Тоа беше во петокот кога се беше договорено. Требаше да тренирам и на крајот не тренирав, недостасуваше само потписот на договорот. Отидов да разговарам со Анчелоти за последен пат, бидејќи тој веќе знаеше дека си одам. Влегов во неговата канцеларија и видов дека плаче. Карло ми порача дека не сака да одам, ми нагласи дека многу ме сака. Тука малку се двоумев, сите ме сакаа во Реал Мадрид, но веќе го дадов својот збор на Јунајтед и тоа за мене беше поважно од се останато, – открива Касемиро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни