Поврзете се со нас

Италија

Капело го советува Милан: Се зависи од тоа што бара клубот, но…

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/acmilan

Милан како што стојат работите ќе добие нов тренер по крајот на оваа сезона, поточно ќе биде завршена соработката со досегашниот предводник Стефано Пиоли.

Дилемата, прашањето е кој ќе биде негов наследник, во јавноста се споменуваат повеќе имиња, прво беше Хулен Лопетеги кој на крајот би требало да заврши во Вест Хем, поточно сега актуелни се Паоло Фонсека од Лил Серџо Консеисао од Порто.

Дали ќе биде некој од нив или можеби трет останува да видиме, ама за легендарниот Фабио Капело е нејасно зошто неговито поранешен клуб брка тренер странец ако се земе предвид какви се резултатите на истите во Италија во овој 21 век.

-Кој дојде од страна и триумфираше во Италија? Лидхолм, Бошков, Ериксон, ги има малку. Од 2000 година Мурињо и никој друг. Тоа мора да значи нешто. Гледаме надвор, а го имаме Тиаго Мота тука со нас, тој е подготвен за големи клубови. Го имате Гасперини, не е тука само една година, со години работи одлична работа и секоја сезона му дава нешто ново на тимот и секогаш е во игра за трофеи. За се што постигна досега, заслужува поголем клуб.

-Се зависи од тоа што бара клубот, каква идеја имаат и каков стил на фудбал сакаат да гледаат. Зборувавме за искуство и искусни тренери, но точно е и дека понекогаш е потребна храброст при изборот на тренери. Да ја немаше Берлускони, немаше да постои ниту Милан на Саки, ниту на Капело, ниту на Анчелоти. Има млади италијански тренери како Де Ѕерби кој учеше од Гвардиола, беше добар во Сасуоло, сега има малку потешкотии.

-Тој освои Суперкуп во Украина, може да се каже дека е Италијанец со меѓународно искуство. Денес за да го тренираш Милан или Јуве треба да знаеш многу работи, -порача дон Фабио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни