Митревски без дилеми: Секако дека ја гледам Македонија како дел од следното СП

Македонската ракометна репрезентација денеска замина кон Торшавн каде утревечер од 20 часот против Фарски Острови ќе го игра првиот бараж меч за пласман на Светското првенство во 2025 година. Фарски Острови важи за селекција која многу напредуваше и е во подем, но искуството и традицијата за настапи на големи настани е на страна на Македонија.

Голманот Никола Митревски кој е најискусен во составот на Македонија, зад себе има многу важни дуели во националниот дрес и тој е уверен дека нашата репрезентација ќе го продолжи континуитетот за настапи на големи натпреварувања.

„Најважно е против Фарски острови да бидеме максимално фокусирани во текот на целиот меч. Секако дека ја гледам Македонија на следното Светско првенство“, оптимистички е расположен Митревски.

Македонија и Фарски острови никогаш досега немаат играно меѓусебе, а според обложувалниците, фаворит на утрешниот меч е домаќинот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести