Top Sport

(Видео) Сити губеше на „Селхрст Парк“, па го победи Кристал Палас

Фудбалерите на Манчестер сити со победа го отворија 31.коло во Премиер лигата. Актуелните шампиони на „Слехрст Парк“ во Лондон, го победија Кристал Палас со 4:2.

Манчестер сити по победата над Кристал Палас се изедначи со Ливерпул на табелата, „црвените“ утре ќе го одиграат дербито со Манчестер јунајтед.

Екипата на Пеп Гвардиола, со мали проблеми и благодарение на Кевин Де Брујне успеа да победи во Лондон.

Матата по само три минути игра ги шокираше гостите од „Етихад“. Сити возврати 10 минути подцна кога Де Брујне го постигна првиот од двата гола. На самиот страт од вториот дел Рико Луис им донесе предност на „граѓаните“, кои победата ја запечатија во 66. и 70.минута со головите на Халанд и Де Брујне.

До крајот на натпреварот, во 86.минута Едуард го постигна вториот гол за Кристал Палас.

Сити со натпревар повеќе од Ливерпул и Арсенал, сега има 70 бодови колку што има и Ливерпул, додека Арсенал има два бода помалку.

Scroll to Top