Османи шокиран од реакциите за Резолуцијата: „Тоа е како Германија да реагира затоа што го осудуваме тоа што се случи во Холокаустот“

од Nikola Popovski

Претседателскиот кандидат Бујар Османи останува на ставот дека Македонија треба да биде коспонзор на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница. Вели дека е шокиран од реакциите дека ќе се нарушат односите со соседна Србија.

-Тоа е како Германија да реагира затоа што ние го осудуваме тоа што се случи во Холокаустот. Тоа е како да кажам да ние ги анализираме дали ќе се нарушат односите врз основа дали се осудува или не геноцидот. Дали се слушаме? Што зборуваме? Осудуваме убиство на 8000 цивили во еден ден. Зарем ќе правиме дебата во државата дали е тоа добро или лошо и дали треба да се осуди? Очекував Србија прва да гласа за да се отргне од тоа време, изјави Османи на прашање на новинарите.

Вели дека сме држава која што промовира толеранција и меѓуетничка хармонија и дека станавме пример во регионот и пошироко што значи да работиме заедно за една цел.

-Секаде каде што има судска одлука ние ќе го осудиме. За Сребреница има судска одлука на Меѓународниот суд на правдата каде што вели дека таму се случило геноцид и тука нема понатаму разговор. Не го осудуваме српскиот народ, ниту Србија, туку има конкретни одлуки од Трибуналот, дециден е шефот на македонската дипломатија.

Слични содржини