„Бурек скандал“ ја тресе Босна: ДНК анализа покажала со што е филуван!

505

Дел од сараевските медиуми под ознаката „скандалозно“ денеска го пренесоа соопштението на Сојузниот ветеринарен инспекторат на подрачјето на кантонот Сараево за наодите од инспекцијата извршена на крајот на минатата година во пекарата „Мања“ во Вогошќе, во која се тврди дека во бурекот со говедски фил е пронајдена ДНК трага од свинско месо.

Станува збор, велат, за „мини замрзнат бурек“ деклариран дека е со фил од говедско месо, а дека соопштението го издаваат поради зголемен јавен интерес и зачестени медиумски објави.

Бидејќи спроведениот метод на тестирање не бил акредитиран, примерокот, како што велат, бил испратен на анализа „со помош на акредитиран метод (молекуларна анализа во реално време PCR) во акредитирана лабораторија на Европската унија, која потврдила присуство на свинска ДНК во бурек деклариран како производ од говедско месо“.