Свет

Пукање кај Омиш во Хрватска: Приведени пет лица, не се знае дали има повредени

Полицијата попладнево добила дојава за пукање пред зграда во Катуни, недалеку од Омиш.

Полицајците веднаш биле испратени на локацијата, а приведени се пет лица кои се поврзани со настанот, пренесува хрватскиот портал Index.hr.

Од полициската управа на Сплит Далмација соопштуваат дека до овој момент не утврдиле дали во престрелката има повредени лица.

Во тек е кривична истрага, по што треба да се добијат повеќе информации.

На почеток