Поврзи се со нас

Гостивар

Не сакаат да се „врзат“ – Значително помалку бракови во Гостивар лани

Објавено

на

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во земјава лани, во споредба со претходната година, е намален за 3,4 % и изнесува 12 882 склучени бракa.

Најмногу бракови, 1 851 или 14,4 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец ноември, 761 брак или 5,9 %.

На територијата на Општина Гостивар лани биле склучени 552 брака, што е деведесетина помалку од претходната година. И во соседните општини има намалување на новоформираните брачни заедници. Минатата година во Општина Врапчиште брак склопиле 198 парови, што е за 45 помалку од претходната, додека во Маврово Ростуше лани имало 55 нови бракови, односно 24 помалку.

На државно ниво минатата година, најголем број бракови 4 263 или 33,1% кај жените и 4 721 брак или 36,6% кај мажите се случиле во старосната група од 25 до 29 години.

Просечната возраст при склучување на прв брак е 27,4 години за невестата и 29,9 години за младоженецот.

Бројот на разводи во 2022 година бележи намалување од 17,9 % во споредба со 2021 година и изнесува 1 613 разведени брака.

Според траење на бракот, најмногу разводи 360 или 22,3 % се случиле од 5 до 9 години по склучување на бракот.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена