Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ покажа осцилации во играта и загуби од Спартак во „Јане Сандански“

Објавено

на

Кошаркаркарите на МЗТ Скопје доживеаа пораз од Спартак Суботица од 78:73 во првата полуфинална средба во АБА2 лигата што се одигра во СЦ „Јане Сандански“.

Македонскиот шампион имаше доста осцилации во играта, немаше константност во играта од четвртина во четвртина и тоа беше пресудно да се загуби од искусниот и амбициозниот тим од Србија кој реваншот ќе го дочека со предност од пет поени.

Избраниците на Атанасов го загубија првиот период со 23-15 за да во вториот избришат нешто од негативата и на пауза замината со 35-31 за противникот.

„Металците“ беа најдобри од 20 до 30 минута, четвртина која ја реализираа со 24-17 со што го свртеа резултатот и со плус три влегоа во завршниот период. Тука попушти одбраната, беа примени 26 кошеви што беше премногу за ваков меч.

Војдан Стојановски беше прв стрелец со 20 поени на кои придодаде 3 скока, 3 асистенции и 6 украдени топки.

Кај победникот Гордиќ беше автор на 16 поени, 2 скока и 6 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни