Енормно расте бројот на туристи заинтересирани за Малме, еве зошто


Треската за Песна на Евровизија предизвика зголемување од 176 отсто во онлајн пребарувањата за патување во градот Малме во периодот од септември 2023 година до април 2024 година.

Ова го објави компанијата за онлајн резервации за патувања eDreams ODIGEO.

Изборот за песна на Евровизија, најголемиот светски натпревар од ваков вид, се одржува од 7 до 11 мај, откако шведската пејачка Лорин победи на минатогодишниот натпревар во Ливерпул.

Се очекува Евровизија да привлече околу 100.000 посетители во третиот по големина град во Шведска.

И пребарувањето за патувања во Копенхаген, на помалку од 50 километри од Малме, исто така се зголеми за 34 отсто, објави eDreams.

Најзаинтересирани за патувањето се туристите од Франција. Тие сочинуваат речиси една петтина од вкупниот број на луѓе кои ги пребарувале страниците, а потоа следат Германија и САД.