Измамен кумановчанец, му дале лажни дијаманти-бижутерија во замена за 800 евра

Вчера во 14.30 часот во СВР Куманово, 73 – годишен маж од Куманово пријавил дека на плоштадот „Македонија“ во Скопје бил измамен од две лица за сума од 800 евра.

Според пријавеното, лицата му кажале дека направиле сообраќајна незгода и дека им требаат парите за да одат на лекар и за возврат ќе му дадат дијаманти, а откако ќе завршат ќе се вратат и ќе му ги дадат парите. Како што е пријавено, тој им ги дал парите, а тие му дале накит за кој подоцна утврдил дека е бижутерија.

Исто така, според пријавеното, лицата не се вратиле, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close