СДСМ го надмина ДУИ со еден мандат повеќе

Досега се преброени над 87% од гласачките ливчиња, а според нив, ситуацијата останува непроменета околу бројот на мандати кои ги добива ВМРО-ДПМНЕ, односно 59.

Промени има кај СДСМ и ДУИ, бидејќи сега предничи партијата на Димитар Ковачески, која со овој број на гласови би добила 19 пратеници, а партијата на Али Ахмети за еден мандат помалку. ВЛЕН во Собранието би влегла со 13 пратеници, Левица 6 и ЗНАМ 5.

Бројките пак покажуваат дека засега 43% од гласовите на парламентарните избори освои партијата на Христијан Мицкоски.

Back to top button
Close