Линкови за пристапност

Над 15.000 луѓе исчезнале во војната во Украина, изјави Меѓународната комисија за исчезнати лица


Само во пристанишниот град Мариупол властите проценуваат дека околу 25.000 луѓе се или мртви или исчезнати
Само во пристанишниот град Мариупол властите проценуваат дека околу 25.000 луѓе се или мртви или исчезнати

Повеќе од 15.000 луѓе исчезнале за време на војната во Украина, изјави Метју Холидеј, официјален претставник на Меѓународната комисија за исчезнати лица.

Организацијата со седиште во Хаг, создадена во пресрет на балканските војни во 1990-тите, отвори канцеларија во Киев во јули за да ѝ помогне на Украина да ги документира и да ги пронајде исчезнатите лица.

Холидеј рече дека не е јасно колку луѓе биле насилно префрлени, биле држени во притвор во Русија, биле живи и одвоени од членовите на нивните семејства или умреле и биле закопани во импровизирани гробници.

Процесот на истрага на исчезнатите во Украина ќе трае со години, дури и по прекинот на борбите, изјави Холидеј за Ројтерс.

Бројката од 15.000 е конзервативна ако се земе предвид дека само во пристанишниот град Мариупол властите проценуваат дека околу 25.000 луѓе се или мртви или исчезнати.

„Бројките се огромни, а предизвиците со кои се соочува Украина се огромни – покрај тоа, тие водат и тековна војна против Руската Федерација“, рече Холидеј.

Тој говореше откако украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од Обединетите нации да ја казнат Русија за воздушни напади врз цивилна инфраструктура, отккао серија ракетни напади ги остави градовите во Украина во мрак.

Извор: Ројтерес

XS
SM
MD
LG