Започна дводневната работилница посветена на Плановите за управување со Националните паркови која се во просториите на НП Галичица во Охрид.

На дводневната работилница ќе се дискутира за значењето на плановите за управување со националните паркови, содржина на ПУ со НП согласно правилникот и практични и административни чекори во процесот на изработка и донесување, формирање тимови за планирање, клучни вредности, притисоци, ограничувања, закани, можности, различни типови на визија, петгодишен оперативен план (примери од ПУ со НПГ) и пратење на спроведувањето, информираат од НП Галичица.

На работилницата присуствуваат претставници од сите национални паркови, НП Галичица, НП Пелистер, НП Маврово, НП Шар Планина и претставник од Министерство за животна средина и просторно планирање.

OhridNews