Search

Виенски бал во Скопје

На 11 мај ќе се одржи еден од најголемите хуманитарни настани во Скопје – Виенскиот Бал, кој се одржува традиционално секоја година во чест на австриската култура. Овој прекрасен настан претставува можност за уживање во извонредната музика, елегантни танци и дружење со пријателите.

Виенскиот бал е вечер полна со висока класа и култура, со поддршка секогаш на хуманитарниот карактер на настанот.

Традиционално, Виенскиот бал, ќе се одржи во хотел Александар Палас во Скопје.

Организаторите повикуваат: „Бидете дел од оваа неверојатна вечер и помогнете во поддржувањето на важни хуманитарни иницијативи. Билетите може да ги резервирате контактирајќи не на телефонскиот број 070 331 903. Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од овој голем и значаен настан!

Најново

Последни колумни