Обичајот никако да не се прекрши! За Велипеток има неколку важни правила, а оваа храна строго се забранува

14353

Велики петок е денот кога повеќето православни верници постат, без разлика дали ги почитувале правилата на велигденскиот пост или не.

Многумина се во дилема што треба да содржи трпезата тој ден.

Со оглед на тоа што велигденскиот пост е построг од Божиќниот пост, тоа значи дека во текот на претходните седмици било дозволено масло и вино само во сабота и недела, а рибата се јаделa на два големи празници – на Благовештението кое секогаш паѓа на 7 април и на Цветници, кои припаѓаат на подвижните празници и секогаш се празнуваат една недела пред Велигден. Во сите останати денови за време на велигденскиот пост било дозволено да се јаде само храна варена во вода.

Такво е правилото за Велики петок. Трпезата треба да содржи само храна зготвена во вода – зеленчук на пареа, свежо или суво овошје и зеленчук, како и леб, мед и ориз на пареа.

Многу луѓе грешат кога мислат дека тој ден се дозволени посни грицки – крекери, стапчиња, чипс, наполитанки и други кондиторски производи без млеко, бидејќи содржат или масло или маргарин.

Според православниот канон, на денот кога Исус Христос бил распнат, верниците треба да се воздржуваат од храна до зајдисонце.

Според канонот не се пожелни ниту локум ниту бонбони од желе, бидејќи содржат желатин.

Во повеќето домови во регионов се смета дека на Велики петок треба да се јаде риба и супа од риба, како и салата од компири прелиена со масло. Според православните канони, овој вид на пост не е погоден за два дена пред Велигден.

Конкретно, не треба да се користи вилушка и нож за време на вечерата, ниту пак храната да се посолува. Според преданието, оној што на Велики петок соли храна, дополнително „сол на Исусовите рани“.

Доколку сте верник кој строго се придржува до правилата на велигденскиот пост, на Велики петок треба да се воздржувате од храна и пиење до зајдисонце. Децата, трудниците и болните се изземени од ова правило.