Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

од Vladimir Zorba

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија и оцени дека двете земји во иднина треба да се фокусираат на заеднички производствени проекти.

Ердоган изрази надеж дека Анкара и Берлин ќе се фокусираат на разговорите за заеднички производствени проекти, особено во одбранбениот сектор.

„Се надеваме дека Турција и Германија ќе почнат да разговараат за заеднички производствени потфати, а не за пречки, особено во одбраната“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во официјална посета на Анкара, пренесе „Дејли сабах“.

Слични содржини