Спорт
(Видео) Навивачите на Барселона дивееја: Винисиус, умри
Низа хаотични сцени се случија низ улиците на Барселона во пред натпреварот меѓу Барселонаи ПСЖ.
Повеќе од 3.000 луѓе неколку часа ги чекаа автобусите на двата клуба да пристигнат на „Монжуик“.
Додека ги чекаа автобусите, домашните навивачи ги навредуваа Килијан Мбапе и Усман Дембеле, но и Виниус.
„Винисиус, умри“, скандираа навивачите.
Неколку навивачи на Барселона го каменуваа сопствениот автобус во хаосот, мислејќи дека во тој автобус се фудбалерите на ПСЖ. Кон автобусот летаа остриги и шишиња…
Во текот на денот со полицијата се судирја и навивачите на ПСЖ.
These Barcelona fans mistook the bus, aiming to target PSG players but ended up damaging their own team's vehicle 🤦♂️#ucl #ChampionsLeague pic.twitter.com/2e4p6ZVOLH
— MARCA in English 🇺🇸 (@MARCAinENGLISH) April 16, 2024
Nah someone explain to me why Barcelona fans are chanting about Vinicius in one of their most important games in recent history? pic.twitter.com/OucawMOGMj
— WolfRMFC (@WolfRMFC) April 16, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута
Атлетик Билбао, синоќа доживеа пораз од Селат во Виго со 2:1. Клубот од Баскија наредната сеозна ќе игра во Лига Европа, откако пред три недели го освои Купот на Шпанија. Селта со овој триумф речиси обезбеди опстанок во лигата, а Билбао остана не позицијата број пет.
Покрај голот од корнер на Алкес Беренгер во 23.минута и 20-годишниот Алварез кој асистираше за првиот и го постигна вториот гол за својот тим, натпреварот го обележа и измената која Ернесто Валверде ја направи во 61.минута, кога од игра го повлече голманот Унаи Симон.
Наместо него влезе Агирезабала. Симон не се повреди, а зад овој потег на Валверде стои јасен план. Имено, сите во клубот сакаат Симон да го освои трофејот Замора, кој му се доделува на голманот со најмал број примени голови.
Симон има коефициент од 0,94 примени голови по натпревар. Во 35 кола во Ла Лига прими 33 гола. Тој е во водство пред Ремиро од Реал Сосиедад и Тер Штеген од Барселона.
Главен услов за наградата е да се одиграат минимум 28 натпревари од по 60 минути. Затоа Валверде го повлече Симон во 61. минута кога Атлетик водеше со 1:0. На крајот Атлетик прими два гола, но Симон ја сочува мрежата.
„Би направил се што можам за да им помогнам на играчите да ги постигнат своите цели“, изјави тренерот Валверде.
Според Трансфермаркт, Симон вреди 25 милиони евра, за шпанската репрезентација има забележано 39 настапи.
Спорт
Списокот на Нагелсман за ЕП – само двајца од Дортмунд, отпаднаа Гнабри и Горецка
Селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман го објави поширокиот список на играчи на кои смета за претстојното Еверопско првенство.
На списокот го нема квартетот финалисти во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд, меѓу најзаслужните за големиот резултат на „милионерите“ сезонава: Матс Хумелс, Јулијан Бранд, Карим Адејеми и Никлас Суле.
На списокот ги нема и фудбалрите на Баерн Серж Гнабри и Леон Горецка, како и Тимо Вернер.
Од шампионскиот тим на Баер Леверкузен има четворица играчи.
Во ростерот на Нагелсман има 27 играчи, што значи дека ќе мора да се откаже од уште еден играч за ЕП.
Голмани: Оливер Бауман (Хофенхајм), Мануел Ноер (Баерн), Александар Нибел (Штутгарт), Марк-Андре тер Штеген (Барселона)
Одбрана: Валдемар Антон (Штутгарт), Бенџамин Хенрикс (Лајпциг), Џошуа Кимих (Баерн), Робин Кох (Ајнтрахт Франкфурт), Максимилијан Мителштад (Штутгарт), Давид Раум (Лајпциг), Антонио Ридигер (Реал Мадрид), Нико Шлотербек (Борусија Дортмунд Дортмунд), Џонатан Тах (Баер Леверкузен).
Среден ред: Роберт Андрих (Баер Леверкузен), Крис Фиерих (Штутгарт), Паскал Грос (Брајтон), Илкај Гиндоган (Барселона), Тони Крос (Реал Мадрид), Џамал Мусиала (Баерн), Александар Павловиќ (Баерн), Лерој Сане (Баерн), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен)
Напад: Максимилијан Бејер (Хофенхајм), Никлас Филкриг (Борусија Дортмунд), Каи Хаверц (Арсенал), Томас Милер (Баерн), Дениз Ундав (Штутгарт).
Спорт
ПАО ги распродаде сезонските билети
Кошаркарите на Панатинаикос се вратија во врвот на Евролигата. Зелените, минатото лето доживеаја целосен ремонт откако клубот имаше неколку разочарувачки сезона во Евролигата.
ПАО, под водство на Ергин Атаман, успеа да избори пласман на завршниот турнир во Берлина. За пласман во финалето ќе играат на 24 мај против Фенербахче.
Избраниците на турскиот стручњак во борбата за финалето ќе играат против Фенербахче.
Во исчекување на завршниот турнир во Евролигата, од Грција стигнуваат информации дека ПАО ги распродаде сите сезонски билети за сезоната 2024/2025 за помалку од 24 часа.
Според информациите, продадени се 11.200 сезонски билети колку што е капацитетот на ОАКА арената.