МАКЕДОНИЈА

Отворен ден во Универзитетот на Југоисточна Европа

Отворен ден во Универзитетот на Југоисточна Европа – беа промовирани сите факултетите, а заинтересираните може и да го посетат кампусот на УЈИЕ. За разлика од минатите години, годинава презентирањето на понудите се врши директно од страна студентите, кои се и главен доказ за квалитетот на оваа институција, изјави ректорот на УЈИЕ Абдилменаф Беџети.

„Годинава го имаме и седмиот факултет за технички науки по шестиот факултет за медицински науки. Сето тоа ќе го понудиме со одредени студиски програми, нови академски понуди и иновации, вклучително и лингвистички аспекти. Така, остануваме посветен тријазичен универзитет, со стабилна структура на студенти. Ако погледнеме наназад пет или шест години подоцна, ќе видиме мултиетничка структура, во која доминираат 70 проценти од студентите кои учат на албански јазик, 20 проценти од студентите на англиски и околу 10 проценти на македонски јазик. Оваа структура, вклучувајќи ги и меѓународните студенти, има тенденција да се зголемува со понудите на англиски јазик“, рече Беџети.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button