Вести Свет

Српскиот Парламент ги усвои измените во Законот за локални избори

Пратениците на српскиот Парламент ги усвоија измените на Законот за локални избори, со кои се овозможи локалните избори во градовите каде што не беа одржани во декември да се комбинираат со веќе најавените избори за градската власт во Белград, што ќе се одржат на 2 јуни, јави Бета.

За измени на законот гласаа 168 пратеници, меѓу кои и пратеници од опозицијата, односно партиите кои донесоа одлука за учество на белградските избори во јуни.

Седницата беше закажана на предлог на 187 претставници на власта и на дел од опозицијата.

Во образложението на предлогот за измена на Законот пишува дека се донесува поради динамиката на одржување избори и седници на локалните самоуправи. Рокот за распишување локални избори ќе се помести од 120 на 150 дена пред истекот на мандатот, а од денот на распишувањето до денот на изборите не може да поминат помалку од 30 дена, наместо 45 како што пишува во сегашниот закон.

Како што е најавено, на изборите ќе учествуваат Зелениот левичарски фронт, Народното движење на Србија, Еколошкото востание, Демократската партија, Движењето на слободни граѓани и Ново лице на Србија, додека Партијата за слобода и правда, Србија центар и од коалицијата НАДА најавија дека нема да учествуваат бидејќи сметаат дека нема време за подобрување на изборните услови до 2 јуни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно со сончеви периоди и локална нестабилност – Временска прогноза за 20.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе