Големи успеси за децата на Брегалница на турнирот „Некст Левел“ во Охрид

ФОТО: Телевизија М Нет

Децата на Брегалница во претходните четири дена беа дел од второто издание на Меѓународниот турнир „Некст Левел“ во Охрид, каде учество земаа со генерација 2016, 2015 и 2014.

Со одличните игри генерација 2014 го освои првото место на турнирот пред српската Славија од Нови Сад која беше втора и Преспа од Ресен која беше трета.

ФОТО: Телевизија М-Нет

Генерацијата 2016 или најмалата генерација заврши на третото место, откако втора екипа беше Еврофудбал од Охрид, а прва екипа Ултрас Кидс од Струга.

Никола Ласков од Брегалница беше прогласен за најдобар играч во генерација 2014.

Александар Ванев, М-Нет