Спорт
(Видео) Покер голови на Халанд, Сити го декласира Вулверхемптон
Фудбалерите на Манчестер сити на домашен терен го декласираа Вулверхемптон со 5:1, во 36. коло од англиската Премиер лига.
Блескаше Ерлинг Халанд кој постигна четири гола за домашниот тим (два од пенал). Сакаше да го постигне и петтиот поради што беше видно незадоволен и негодуваше во моментот кога Пеп Гвардиола реши да го замени во 82. минута.
Со оваа победа „Граѓаните“ ја задржаа пол-позицијата во борбата за титулата со Арсенал. На две кола пред крајот тимот од Лондон има бод повеќе, но Сити има меч помалку и доколку ги победи Фулам и Тотенхем на гости, а Вест Хем дома, ќе ја одбрани титулата шампион на Англија без разлика на резултатите на Арсенал, кој ќе гостува кај Манчестер јунајтед и ќе го пречека Евертон во последното коло.
Денеска избраниците на Пеп Гвардиола ја завршија работата во првото полувреме кое го одиграа во прилично лесен ритам и го решија во своја корист со 3:0, благодарение на хет-трикот на Ерлинг Халанд.
Во вториот дел Хванг намали на 3:1, но Халанд само 60 секунди подоцна му ја врати на Сити преднста од три гола. До крајот замената на Халанд, Хулијан Алварез во 84.минута го постави конечниот резултат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дон Карло, апсолутен рекордер во Лигата на шампионите
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти стана најтрофејниот тренер во историјата на Лигата на шампионите.
На „Вембли“, петти пат во кариерата стана европски првак. Реал во финалето ја победи Борусија Дортмунд со 2:0.
Дон Карло трипати го освојуваше овој трофеј со Реал, а уште два пати со тимот на Милан.
По натпреварот тој имаше интересна изјава за тоа како ќе го прослави овој апсолутен рекорд и уште еден трофеј во низа.
„Ќе славам во карактеристичен стил, со уште една пура на плоштадот Цибелес во Мадрид“, беше одговорот на Анчелоти во изјавата за шпански „Мовистар“.
Секако, имаше и неколку зборови за самиот натпревар.
„Малку го турнавме Винисиус понапред, бидејќи во првото полувреме бевме малку мрзеливи, ја губивме топката. Играа како што сакаа, влегоа во многу опасни ситуации и многу опасно не нападнаа“, изјави Анчелоти.
Имаше што да каже и за Тони Крос кој со оваа титула се збогува од Реал Мадрид.
„Малку е тажно што Тони вака не остава. Но тој е на врвот на кариерата и тоа мора да се почитува“, заклучи Анчелоти.
Спорт
Модриќ е играчот со најмногу трофеи во историјата на Реал Мадрид
Лука Модриќ стана фудбалерот со најмногу трофеи во историјата на Реал Мадрид.
Реал ја победи Борусија Дортмунд со 2:0 на „Вембли“ во Лондон и ја освои Лигата на шампионите. Тоа е 15-та европска титула во историјата за „кралскиот клуб“.
Стрелци за Реал беа Дани Карвахал во 74. минута и Винисиус Жуниор во 83. минута.
Капитенот на Хрватска влезе во игра во 85. минута и го освои својот шетти пехар во ЛШ и на клупската листа се изедначи со Пако Хенто.
Воедно, ова е 26. титула за Модриќ во дресот на Реал, што значи дека тој е фудбалерот со најмногу трофеи во историјата на Реал.
Модриќ ги претекна поранешните соиграчи Карим Бензема и Марсело.
Актуелниот капитен на Реал, Начо Фернандеш е изедначен за првото место со Модриќ.
Модриќ стана и најстариот играч кој некогаш играл за Реал во финалето на Лигата на шампионите. Рекордот доаѓа од фактот дека Модриќ е најстариот играч на Реал во ЛШ воопшто.
Тој го собори овој рекорд во полуфиналето против Баерн, кога настапи на возраст од 38 години и 234 дена.
Модриќ е и играчот со најмногу настапи во финалето на ЛШ откако елитното натпреварување се игра во овој формат.
Тој по шести пат играше во финалето на Лигата на шампионите, што досега го имаат постигнато само Паоло Малдини и Кристијано Роналдо и неговите соиграчи Начо и Тони Крос.
Досега, со пет настапи во финалето, Модриќ беше изедначен со Бензема, Патрис Евра, Кларенс Сидорф и Едвин ван дер Сар.
Спорт
(Видео) Навивачи го прекинаа финалето, еден си направи „селфи“ со Винисиус
Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите по 15. пат во својата историја. Во финалето одиграно на стадионот „Вембли“ во Лондон пред 86.000 гледачи Реал ја победи Борусија Дортмунд со 2:0. Стрелци за Кралскиот клуб беа Дани Карвахал во 74. минута и Винисиус Жуниор во 83. минута од натпреварот.
Финалето во Лигата на шампионите беше прекинато уште во првата минута бидејќи на теренот влегоа тројца навивачи, најверојатно Реал.
😡 Embarrassing start for UEFA & Wembley as series of pitch invaders go unchallenged & disrupt start to game. Delay of 2 minutes #UCLfinal pic.twitter.com/hP3etCMJRI
— Craig Hope (@CraigHope_DM) June 1, 2024
Обезбедувањето ги бркаше натрапниците на теренот, а прекинот траеше речиси две минути. Еден навивач го извадил мобилниот телефон и направил „селфи“ со Винисиус.