25.8 C
Скопје
29. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ ги боли бидејќи тие се задолживаа за жални врби и споменици, а ние за да ги вратиме парите кај граѓаните

„ВМРО-ДПМНЕ ги боли една работа, дека во нивното време задолжувањето се случуваше за да се насадат жални врби и да се прават споменици. Затоа ги боли, затоа што ние задолжувањето го правиме за парите да ги вратиме кај граѓаните“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Реално“ на 24инфо.мк.

Тој додаде дека во мандат од четири години 2,6 милијарди се вратени во стопанството и кај граѓаните и дека ако не беше тоа задолжување, ниту ќе имавме здравствена заштита за време на ковид, ниту ќе се спасеа 80 илјади работи места.

„Светска банка и ММФ укажуваат дека ако не беше помошта, 80 илајди граѓани ќе остане без работа. 24 илјади компании субвенционирани за да им се подобри ликвидноста. Преку 350 илјади граѓани помогнати со директна финансиска поддршка – пензионери, млади, студенти, ученици… се е тоа направено за да граѓаните добијат назад“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека ова не го правеле за парите да се оденсат во Белата палата, туку за граѓните во што е и суштинската разлика.

Спонзорирано: