Продолжува кошмарот на Лејкерс – Денвер и Јокиќ победија 11. пат по ред (ВИДЕО)

Aктуелниот шампион Денвер во НБА лигата е пред победа во серијата против Лос Анџелес Лејкерс откако изминатата вечер Јокиќ и друштвото славеа победа на гости од 112:105 за водство до 3:0.

За Денвер ова беше 11. победа во низа против Лејкерс. Низата победи за шампионот започна од 2021 година. За разлика од претходниот натпревар сега немаше драма и покрај тоа што домаќинот беше подобар на стартот и водеше со 12 разлика во втората четвртина.

Денвер се доближи на -4, а во третата четвртина и направи предност од 12 поени разлика и така го трасираше патот кон победата. Денвер сега го дели само една победа од втората рунда во плејофот.

ADVERTISING

Јокиќ оствари дабл-дабл од 24 поени, 15 скока и 9 асистенции, додека Ерик Гордон на овој натпревар беше прво име со 29 поени и 15 скока. Ентони Дејвис во редовите на Лејкерс имаше 33 поени и 15 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – Кливленд 121-83
Филаделфија – Њујорк 125-113
ЛА Лејкерс – Денвер 105-112