Де Роси призна: „Барав совет од Алегри како да го елиминираме Баер Леверкузен“

Рома и Јувентус синоќа одиграа 1-1 во меч од италијанската Серија А, па „волчицата“ е се подалеку од пласман во Лигата на шампионите преку првенството. Даниеле де Роси и неговите избраници пласман во Лигата на шампионите може да обезбедат и доколку ја освојат Лигата на Европа, но после првото полуфинале имаат негатива од 0-2 против германскиот шампион, Баер, но и треба да гостуваат во Леверкузен.

Непоразениот противник оваа сезона е вистински предизвик за Рома и Де Роси, па тренерот на екипата од Рим не криеше дека побарал совет од тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

„Не може да се каже дека сме без шанси. Противникот има два гола предност и не ни е потребно да дадеме пет гола за да поминеме понатаму. Потребни ни се само два гола за продолженија. Баш го прашав и Алегри после натпреварот со Јувентус и тој ми рече да бидеме стрпливи. Нема да биде никаков проблем и првиот гол да го дадеме во 60-тата минута. Нема потреба да ги нападнеме од почеток, бидејќи видовме како поминуваат тие што напаѓаа од првата минута против нив.“ – рече Даниеле де Роси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести