Search

Би возеле ли по најубавиот автопат на светот?

Кина е богата со пејзажи и преубави туристички дестинации. Така, според многумина, овде се наоѓа и најубавиот автопат во светот, автопатот Хепу-Напо кој се протега низ југозападниот регион Гуангшји.

Бетонската конструкција на автопатот претставува силен контраст со густите шуми и ридови кои ја опкружуваат и на тој начин создаваат прекрасна глетка на која малкумина можат да ѝ одолеат.

Притоа, светските медиуми го прогласија токму овој автопат кој минува во близина на границата со Виетнам, за еден од најубавите автопати во светот.

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Најново

Последни колумни