Ковачевски: Преголема моќ кај десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ значи крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и на независното судство

Од:

Ако десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ добие преголема моќ, тоа ќе стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми, крај на борбата за независно судство, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Радовиш.

Ги повика граѓаните да направат разлика помеѓу демократското водење на државата од СДСМ и авторитарниот режим на ВМРО ДПМНЕ.

„Не дозволувајте ВМРО да продава евтини демагогии за иднината. Сетете се како неговиот ментор од Будимпешта ја ограби и ја зароби државата. Сетете се на повеќе од пола милијарда евра народни пари потрошени за криминалниот проект Скопје 2014. Сетете се на заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор кои ги запишуваа по списоци, пикаа по автобуси и носеа на контра протести во Скопје, на натепаните студенти. Сетете се на милионите потрошени за жални врби, лажен барок, евтин стиропор само за да се богатат поединци и фамилијата која беше на власт.

Тој предупреди и дека десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ може лесно да ги наруши меѓуетничките односи.

„Видете како предизборната кампања, Мицкоски и Силјановска наместо во натпревар на проекти и идеи ја претворија во националистички скандирања и препукувања со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Испратете им јасна порака и на Мицкоски и на Ахмети и на Силјановска и на едните и на другите дека ниту еден граѓанин не сака да се вратиме повеќе од 20 години наназад дека не сакаме повторно да се распалат меѓуетничките тензии.

Лидерот на СДСМ ги повика граѓаните на 8-ми мај да ја поддржат Коалицијата за европска иднина и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и да покажат дека Македонија има прогресивни и умни луѓе кои сакаат иднина во ЕУ, а не враќање во минатото на конфликти и војни.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Управниот суд Сејднини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Предраг Петровиќ

Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби

Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени

Предраг Петровиќ

СИРИЗА за изјавата на Мицкоски: Го осудуваме новото провокативно прекршување на Договорот од Преспа

Предраг Петровиќ

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024

Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511