Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, во неочекуван напад на искреност го подбра и владиниот партнер СДСМ за односот кон Албанците.

„Секогаш ќе кажам, дури и во СДСМ има такви на кои што им пречи рамноправноста на Албанците, но не го кажуваат тоа, бидејќи не е точно да се каже дека Албанците ни го одземаат монополот, но велат дека ДУИ прави корупција. Не, не! Албанците го кршат економскиот монопол. Да не ви пречи тоа што Албанците нема да продолжат да ви дозволуваат да имате стопроцентен економски монопол на македонските компании, додека Албанците се на страна. Кога Албанците земаат акции во економијата на државата, велат ДУИ прави корупција“, изјави министерот за надворешни работи во „Клик плус“ на ТВ 21.