Тинејџерот кој беше „жртва“ на Чави, по мечот не можеше да ги сопре солзите (Видео)

Ламин Јамал е големата фудбалска надеж на Барселона. Тинејџерот кој има само 16 години беше стартер на реваншот против ПСЖ и покажа дека е расположен за игра. По еден негов продор, Јамал му асистираше на Рафиња за водство на Барселона од 1:0.

Сепак, малку подоцна, односно во 34-тата минута Јамал принудно беше заменет. Црвен картон доби Араухо, а тренерот Чави Ернандес мораше да внесе дефанзивец, а да повлече некој од офанзивниот ред. Ги имаше Левандовски, Рафиња и Јамал, а Чави се одлучи за најмладиот да оди надвор од теренот.

По излегувањето на Јамал, Барселона речиси целосно се повлече, но фактот дека беше со играч помалку значеше дека нема одбрана против расположените гости. ПСЖ даде четири гола и победи за пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите, а по мечот додека играчите на Светците се радуваа, камерата го забележа Јамал како седи на клупата за резерви покриен со јакната и плаче.

Едноставно, младиот фудбалер ја почувствува суровоста на фудбалот. Иако не беше виновен, а играше одлично, мораше да биде заменет. Реакцијата на Јамал по мечот може да ја видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести