ВМРО-ДПМНЕ ќе разговара со сите опозициски партии, но нема сите да бидат дел од новата Влада

од Nikola Popovski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва информира дека се слушнал со еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН Биљал Касами, при што си честитале за остварениот резултат на парламентарните избори, а во текот на денот остварил разговори и со Арбен Таравари и Изет Меџити од истата коалиција.

Мицкоски најави дека час поскоро ќе седнат да разговараат за формирањето на новата Влада.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да ги повтори грешките на владата на СДСМ и ДУИ. Вели дека има намера да разговара со сите опозициски партии кои настапија на изборите и да видат која би била точка на поврзување.

-Тоа не значи дека сите тие би биле дел од идната Влада која ќе ја предводи нашата коалиција. Околу принципите, главниот и основен е темелната вредност на општеството и да се почитуваат граѓаните, додаде Мицкоски на прес-конференцијата во седиштето на неговата партија.

Слични содржини