Скопје

Уапсени двајца Срби: краделе велосипеди, изнајмилен стан и ги криеле – сѐ си признале и завршија во притвор

На 27.04.2024г. од страна на полициски службеници од ОКР Аеродром и Драчево при СВР Скопје, под сомнение за сторено кривично дело лишени од слобода се лицето А.К.(43) од Р. Србија и лицето Љ.Г.(20) од Р. Србија и по извршен службен разговор истите признале дека имаат украдено повеќе велосипеди кои ги чувале во изнајмен стан во Скопје, при што извршена е проверка и со потврда за привремено одземени предмети 9 велосипеди се одземени од лицата.

Исто така, во разговорот со лицата истите навеле дека кривичните дела се извршувани во координација со уште неколку лица за кои се преземаат полициски мерки.

Од страна на полициските службеници утврдено е дека сите велосипеди се од пријавени тешки кражби и истите веднаш ќе им се вратат на сопствениците.

Лицата по насока на јавен обвинител се задржани во ПС ОН Кисела Вода и по целосно документирање е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка за истите лица определена е мерка притвор.

На почеток