Македонската професорка Светлана Мосјов меѓу 100 највлијателни луѓе на светот во изборот на „Тајм“ за 2024

129
Фото:принтскрин/Универзитет Рокфелер

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит на уметници, иноватори, лидери и пионери во различни области.

Во овој престижен избор Мојсов се најде заедно со уште двајца научници, Џоел Хабенер и Ден Дракер, во сегментот „Пионери“, а меѓу останатите влијателни личности се Америка Ферера, Лесли Локо, Офелија Дал, Кенеди Одеде и други, соопшти Тајм.

Мојсов е светски познат научник чие истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин доведе до револуционерни третмани за дијабетес и дебелина.

Неодамна Универзитетот Рокфелер соопшти дека Светлана Мојсов е добитничка на наградата Перл Мајстер Грингард за 2024 година, за истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин кое доведе до револуционерни третмани за дијабетес и дебелина.

Оваа награда е истакната меѓународна награда која им оддава признание на истакнати жени научници. Светлана е научен вонреден професор во Рокфелер, ќе биде одликувана на церемонијата во кампусот на 17 април. Иновативните методи и клучните сознанија на Мојсов доведоа до идентификација на пептид сличен на глукагон (GLP-1), цревниот хормон кој предизвикува панкреасот да лачи инсулин. Нејзините откритија се основата на револуционерните лекови наречени GLP-1 агонисти кои ја трансформираа клиничката грижа за дијабетес и дебелина. Светлана Мојсов е ќерка на македонскиот државник и дипломат Лазар Мојсов, а започна да го истражува за дијабетесот во Универзитетот Рокфелер, како студент и постдокторски соработник во лабораторијата на нобеловецот Брус Мерифилд.

Во соработка со други, Мојсов продолжи да докажува дека GLP-1 предизвикува ослободување на инсулин во панкреасот, работа што доведе директно до терапевтски развој на агонисти на GLP-1. Фактот што оваа нова класа на лекови сега ја користат милиони луѓе е многу среќна, таа вели: „Тоа ме прави да се чувствувам професионално и лично исполнето – стои во објавата на Универзитетот „Рокфелер“ во САД.