Пожар избувнал денеска околу пладне во куќа во уличката зад Универзална сала. Од снимките на социјалните мрежи се гледа дека гори горниот спрат на куќата, а на терен веднаш излегле пожарникарите кои помогнале во гаснењето на пожарот.


Командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски информира дека при гаснењето на пожарот интервенирале 12 пожарни со пет противпожарни возила.

Пожарот веќе е изгаснат и нема повредени лица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.