Трамп ја спореди администрацијата на Бајден со Гестапо

од Vladimir Zorba

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја спореди администрацијата на актуелниот американски претседател Џозеф Бајден со Гестапо, озлогласената тајна полиција на нацистичка Германија, објави денеска NBC News.

„Овие луѓе ја водат (американската) администрација како Гестапо. Тоа е единственото нешто што го знаат и мислат дека само така ќе победат“, рече Трамп.

Трамп го коментираше и процесот што се води против него, оценувајќи дека тимот на Бајден верува дека само така можат да победат и да го одведат Бајден до изборна победа.

Слични содржини