Италија ќе „гори“: историски меч за Аталанта, Милан го чека пекол на „Олимпико“

Реваншите од четвртфиналето на Лигата на Европа предизвикуваат голем интерес во јавноста, особено италијанската, а еуфоријата е најголема во Рим и Бергамо.

Италијанските медиуми објавија дека се продадени сите билети за дуелот Рома – Милан, на кој Римјаните носат предност од 1-0 од првиот меч на „Сан Сиро“. И Милан ќе има поддршка од над 4.300 навивачи, а во Рома со право се надеваат на успех и елиминација на ривалот од Серија А, иако според квотите во Sport Life за конечен тип Росонерите се благи фаворити за победа на вечерашниот дуел.

Аталанта пред една недела го шокира светот со убедливата победа од 3-0 на гостувањето кај фаворитот Ливерпул и на прагот е да се пласира во полуфиналето на Лигата на Европа. Во Бергамо, овој меч го најавуваат како најважен во клупската историја на Божицата, па и таму ќе „гори“ и на терен и на трибините.

- Оглас -

Најнови вести