• петок, 26 април 2024

Тетовското комунално претријатие формираше специјален тим за подигнување инертен отпад

Тетовското комунално претријатие формираше специјален тим за подигнување инертен отпад

Тетово, 19 април 2024 (МИА) - Јавното комунално претријатие „Тетово“ има ангажирано посебен тим кој ќе го носи инертниот отпад од домовите на граѓани до соодветна депонија. Граѓаните треба да се јават на телефонски број во текот на работните денови од неделата, најавија од Општина Тетово.

- Јавното комунално претпријатие продолжува да се грижи за чистотата и чистењето на јавните простори во градот. За да бидеме поефикасни потребна ни е соработката на сите граѓани за да создадеме почист град за нас и нашите деца. Апелираме до сите граѓани да не фрлаат инертен отпад по тротоарите и на несоодветни места, бидејќи на овој начин не само што ја загадуваме животната средина, туку и му даваме лош изглед на градот. За да не се создаваат вакви непријатни ситуации, ангажиравме специјален тим кој ќе го носи инертниот отпад од куќата на граѓаните до депонијата одредена од ЈКП, соопштија од Општина Тетово.

Во соопштението се појаснува дека сите граѓани кои имаат инертен отпад можат да се јават на телефонскиот број 044-331-167, секој работен ден од понеделник до петок од 07:00 до 15:00 часот, а тимот ќе се погрижи инертниот отпад да дојде и да го земе од вашиот стан или куќа.  ас/цр

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан